|
ИНСТИТУТ ЗА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА Во состав на ЈЗУ Универзитетски
стоматолошки клинички центар Св. Пантелејмон
постои дел во чиј домен е развојот и
унапредувањето на научно-истражувачката
работа.
Тоа е Институтот за научно-истражувачка
работа кој како посебна единица постои
повеќе од една деценија.
Освен научно-истражувачката дејност низ овој
институт се подржува изработувањето на
научни проекти од областа на
стоматологијата.
Во просториите на Институтот за
научно-истражувачка работа е сместена и
Библиотеката со богата и современа стручна
литература од домашни и странски автори,
како и со стручни списанија, публикации.
Преку Интернет услугите истата се поврзува
со реномирани светски библиотеки, и на тој
начин има можност да се пратат сите новини
од областа на светската стоматолошка наука. |