ЗА НАС
На клиниката за мобилна стоматолошка
протетика ќе бидете топло и срдечно примени.
За сите ваши потреби и прашања што Ве
интересираат ќе добиете прецизен и стручен
совет што е најдобро да направите со Вашите
заби во овој момент. На располагање Ви
стојат секогаш подготвени доктори на науки,
професори, лекари-специјалисти кои најдобро
знаат што Ви е потребно на Вас, за да ја
повратите изгубената насмевка на лицето.
Имате можност да се определите за
најсовремени техники за изработување на
стоматолошки протетски помагала со нашите
врвни стручњаци.


ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Раководител на клиниката:
1. Проф. д-р Евдокија Јанкуловска, д-р сци.
- раководител

 СТРУЧЕН ТИМ
ПРОФЕСОРИ
1. проф. д-р Евдокија Јанкуловска, д-р сци.
- раководител
2. проф. д-р Љубен Гугувчевски, д-р
сци.
НАСЛОВНИ
ДОЦЕНТИ
1. нас.доц. д-р Јадранка Бундевска, д-р сци.
2.
нас.доц.д-р Сашо Еленчевски, д-р сци.
АСИСТЕНТИ
1. ас.
д-р Сања Панчевска, д-р сци.
2. ас.
д-р Сашко Богдановски, м-р
3. ас.
д-р Благоја Даштевски, м-р
4. ас. д-р Соња Петкова
5. ас.
д-р Надица Јанева
6. ас. д-р Атанас Шуков
7. ас. д-р Анета Ангеловска
ДОКТОРИ - СПЕЦИЈАЛИСТИ
1. д-р спец. Ана Спировска,
м-р
2. д-р спец. Ордан Јамакоски
3. д-р спец. Ленче Бојаџиевска
4. д-р спец. Фатон Војника
ДОКТОР - СТОМАТОЛОГ
1. д-р Надер Исмаили
2. д-р Будима Пејкоска
3. д-р
Мимоза Сулејмани


Работен капацитет на клиниката:

- Клиничка мобилна протетика;
- Претклиничка мобилна протетика;
- Забна техника за изработка на подвижни
протези.
СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ
- Утврдување на здравствената состојба и
дијагноза на заболувања на вилиците и
забите, на меките орални ткива, ТМЗ и
другите елементи на стоматогнатниот систем;
- Проценување на квалитетот на нормалните
или нарушените функции на стоматогнатниот
систем;
- Планирање и терапија на делумна беззабост;
- Планирање и терапија на целосна беззабост;
- Планирање и терапија на субтотална
беззабост;
- Планирање и терапија на состојбите со
нарушени меѓувилични односи;
- Изработка на акрилатни делумни и целосни
протези;
- Изработка на мобилни протези со метална
основа ;
- Изработка на субструктури над имплантати;
- Оценување на функционалната вредност на
протетичките изработки;
- Дијагноза и терапија на промените на
оралните ткива, што се последица на
негативни дејства на протетичките изработки;
- Дијагноза и терапија на хиперсензитивните
реакции на организмот кон протетичките
изработки.
При изработувањето на протетичките изработки
се применуваат сите современи методи и
техники за изработка на акрилатни протези и
протези на метална основа, паралелометрија,
фрез-техника, атечмен-техника и магнетни
ретенциони системи.
Освен стандардните клинички дијагностички и
терапевтски методи клиниката користи и други
научни методи меѓу кои:
- Гнатодинамометрија;
- Рендгенкраниометрија;
- класична и компјутеризирана томографија;
- електомиографија;
- мастикациографија;
- CONDYLOKOMP систем;
- Т - скен систем за анализа на оклузијата;
- сопствен ФА-ДЕ модул за избирање
големината на вештачките заби и други
регистрати на интермаксиларните односи,
движењето на мандибулата и динамиката во
ТМЗ.

ЗАБОТЕХНИЧКА
ЛАБОРАТОРИЈА
МОБИЛНА ТЕХНИКА
Во склоп на Клиниката за фиксна стоматолошка
протетика и Клиниката за мобилна
стоматолошка протетика функционираат две
одделни заботехнички лаборатории.
Забни техничари
-
Горан Костовски,
шеф
-
Нада Владева
-
Менка Марковска
-
Методија Петровски
-
Зоран Василевски
-
Славица Аврамовска
-
Севда Мирчевска
-
Петре Стефановски
-
Даниела Дишлиоска
-
Лујза Диневска
-
Ѓорѓи Николовски
-
Марица Стефановска
-
Маргарита Тембелевска
-
Слаѓана Пецовска
-
Димитар Ристовски
-
Гоце Димовски,
високо стручен забен техничар
-
Селма Усеин
-
Катерина Неделковска
-
Рамадан Кадриу
-
Слаѓана Насковска
Лабораториите од просторен аспект
функционираат во:
Две заботехнички лаборатории во кои работата
се одвива во две смени.
Заботехничка лабораторија за изработка на
металкерамички и неметални фиксни протетички
конструкции.
Заботехничка лабораторија за изработка на
скелетирани протетички конструкции.
Заботехничка лабораторија за примена на фрез
техника.
Две заботехнички лаборатории за изведување
на практична настава за студентите и за
школата за високи забни техничари.
МОБИЛНА ЗАБНА ТЕХНИКА
На Клиниката за мобилна стоматолошка
протетика функционира современа заботехничка
лабораторија, во која се изработуваат
протетички помагала од висококвалитетен
материал, при тоа користејќи најсовремена
заботехничка апаратура. Со помош на најнови
методи се изработуваат:
1.Скелетирани (Co-Cr-Mo) протези (со и без
атечмени)
2.Тотални и парцијални класични протези
3.Протези според Ivocap системот
4.Протези од мек акрилат
5.Имедијатни протези
6.Специјални протези појачани против кршење
7.Специјални протези наменети за пациенти
кои се алергични на различни видови на
акрилатни маси
8.Изработка на оклузални вметнувачи (сплинтови)
кај пациенте со виличнозглобни неправилности
9.Вметнувачи што се користат кај одредени
видови спортови
10.Ребазации со целосна промена на
протезната основа
11.Репаратури на извадени заби и додавање на
кукички во протезите
12.Репаратура на скршени скелетирани протези
со додавање на вештачки заби
13.Репаратури на сите видови атечмени што се
користат во парцијалната протетика
За сите видови забнотехнички изработки се
грижи високо стручен тим составен од 19
искусни забни техничари. Дел од
долунаведените забни техничари се обучени да
вршат обука според техниката на BPS методот
за изработка на тотални протези, односно тие
се лиценцирани за обука на други забни
техничари. Лиценцата е потврдена од страна
на производителот Ivoklar.

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДИ
Пациентите можат да закжажуваат прегледи и
стоматолошки интервенции на тел: 02/3299
026.
Работно време:
07:30 – 19:30 часот
КОНТАКТ
Клиника за мобилна
стоматолошка протетика
Универзитетски стоматолошки клинички центар
Водњанска 17
Скопје
Контакт телефон: 02/ 3299
026 |